Вкус за паметење
ЛИОН од Свети Николе е успешна компанија
ЛИОН од Свети Николе е успешна компанија

ЛИОН од Свети Николе е успешна компанија за производство на квалитетни кондиторски производи. Компанијата започна со производство на чоколадо и чоколадни кремови, а подоцна го прошири своето портфолио со бисквити, наполитанки и ситни колачи.

Производствениот процес во ЛИОН е сертифициран според меѓународните стандарди HACCP, ISO и IFS, што гарантира висок квалитет и безбедност на производите. Производите на ЛИОН се добитници на бројни златни медали и признанија на домашни и меѓународни саеми и фестивали.

Покрај присуството на домашниот пазар, производите на ЛИОН успешно се пласираат во многу земји од регионот и Европа. Компанијата континуирано инвестира во зголемување на производствените капацитети, освојување нови пазари и проширување на асортиманот на производи.

Нашата деловна филозофија

Големите компании се градат врз принципот секојдневно да се прават вистинските работи. Односот кон деловните партнери, клиентите и вработените треба да биде чесен, фер и исполнет со почит.

Наши вредности

  • Почит кон секој вработен.
  • Работа со чесност, интегритет и професионалност.
  • Преземање одговорност за сопствените постапки.
  • Обезбедување производи со највисок квалитет.
  • Фокус на продуктивност и ефикасност на сите нивоа.
  • Континуирана иновација и секојдневно унапредување.
  • Градење долгорочни и доверливи партнерства.

Нашите вработени

Во ЛИОН, вработените се третираат со достоинство и почит. Нашата цел е да обезбедиме безбедна и мотивирачка работна средина, како и фер наградување за вложениот труд и придонес.

Нашата заложба

ЛИОН е симбол на чесност, искреност и интегритет. Посветени сме на создавање квалитетни производи кои ги исполнуваат очекувањата на потрошувачите и на градење долгорочна доверба со сите наши партнери и клиенти.

ЛЕОНА - македонска верзија
ТВ реклама

ЛЕОНА оваа година е учесник на ИСМ. Еден сектор, еден настан - и илјадници идеи, контакти и деловни зделки. ИСМ, водечки светски саем за трговија во кондиторската индустрија, нуди вистинска платформа за високоиновативниот свет на слатки - и за сите трендови и теми што ги интересираат ...

Instagram Feed

Следете не на Инстаграм за повеќе слатки информации

@leona_makedonija

Facebook Feed

Следете не на Фејсбук за најновите слатки вести

Youtube channel

Најнови видеа на нашиот канал

Контактирајте не
Најновиот каталог
Copyright 2022 Leona