entry-image
Состојки (за тесто) 3 јогурти (3 x 180грама) 300 грама пченично брашно 250 грама шеќер 120 мл масло 25 грама какао 2 лажички сода бикарбона Масло за премачкување на тавчето Состојки (за прелив) 150 грама масло 150 грама Леона чоколадо за готвење 120 грама шеќер 120 милилитри млеко Подготовка: 1. Јогуртот, брашното, шеќерот, какаото и сода бикарбоната мешајте ги со миксер 2-3 минути. 2. Смесата префрлете ја во тавче со димензии 20x30 сантиметри претходно премачкано со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. 3. Маслото загрејте го, тргнете го од рингла, измешајте го со чоколадото, шеќерот и млекото се додека не добиете глатка смеса. 4. Колачот оладете го и прелијте го со чоколадната глазура (прелив).
Наш производ употребен во рецептата
Чоколада за готвење 90гр