Фирмата ЛИОН од Свети Николе е основана во 1998 год. Се започна со набавка на машини за пакување на прашкасти и зрнести производи од Италија и организирање на производство за пакување на прехрамбени производи.

Во 1999 год. Се изрботи Бизнис план за набавка на опрема за започнување на производство на какао крем производи.

Во 2001 година ЛИОН зема учество во проект ПРИЗМA нa владата на САД за донирање на парични средства.

2002 год. ЛИОН ДОО претставувана од Ристе Ристевски во конкуренција од 50 претпријатија и организации беше избрана за фирма со надобар понуден бизнис проект и ги доби паричните средства од за набавка на машини з пакување на чоколади. Ова беше причина, ЛИОН да работи повеќе за да ја оправда дадената доверба и да се докажува на пазарот.

2003 год. ЛИОН добри признание од Градоначалникот и Советот на општина Свети Николе за најпреспрективн фирма во Свети Николе.
Периодот што следеше беше период на развој, зголемување на палетата на производи, освојување на домашниот пазар и анимирање на пазари од регионот. Со зголемување на обемот на производство претпријатието ЛИОН заклучи дека просторот од 300м2, во кој што се одвивање процесот на производство, не дава можност за поголем развој. Лион започна со проект за изградба на нов производен погон со површина од 4000м2 по светски стандарди. Инсталирање на нови производни линии, консултација со стручни лица, посета на саеми и претпријатија за извоз во повеќе земји.

Во Март 2004 година ЛИОН се пресели во новите производни погони, каде беа инсталирани и нови производни линии.

Во 2005 год. ЛИОН го започна проектот за имплементација на ХАЦЦП систем во производството.

Во Јануари 2006 ХАЦЦП системот беше целосно успешно имплементиран и сертифициран, се со цел на крајните потрошувачи да им се понуди најквалитетен и безбеден производ.

Во 2007 ЛИОН се сертифицира со ИСО 22000. Во ноември ја добива наградата Крсте Петков Мисирков за достигнувања во стопанството.

Денес ЛИОН од Свети Николе е успешна фирма која има 80-тина вработени, произведува квалитетни кондиторски производи, наградени со златни медали на повеќе саеми и манифестации. Освен на домашниот пазар, производите на ЛИОН се продават и во повеќе земји од регионот и Европа. Обемот на производство на ЛИОН е 2500 тони кондиторски производи годишно со план за постојан раст и зголемување на производството, освојување на нови пазари и проширување на палетата на производи.