За Нас

ШТО ПРАВИМЕ?

ЛИОН од Свети Николе е успешна фирма која има 80-тина вработени, произведува квалитетни кондиторски производи. Лион започна со производство на чоколадо и на чоколаден крем за да подоцна го прошири призводството на бисквити и ситни колачи.

Производствениот процес е со ХАЦЦП и ИСО сертфикат. Производите на ЛИОН се наградени со златни медали на повеќе саеми и манифестации. Освен на домашниот пазар, производите на ЛИОН се продават и во повеќе земји од регионот и Европа. Обемот на производство на кондиторски производи годишно e со план за постојан раст и зголемување на производството, освојување на нови пазари и проширување на палетата на производи.

Нема алтернативен текст за сликата

ФИЛОЗОФИЈА

Големите компании се градат врз основа на принципот да се прави вистинската работа секој ден. Односот кон деловните партнери, клиентите и вработените треба да е искрен, праведен, и со почит.
Покажи почит кон вработените.
Водење бизнис со интегритет.
Преземање на одговорност за нашите постапки.
Обезбедување на производи со највисок квалитет.
Фокус на продуктивноста на секое ниво од бизнисот.
Обид и поддршка на иновации секој ден.

РАБОТНА ЕТИКА

Во ЛИОН вработените се третираатсо достоинство и почит. ЛИОН се среми да ​​обезбеди безбедна работна околина за своите вработени, да се ​​обезбеди фер плата за извршените услуги. ЛИОН се залага за чесност, искреност и интегритет.

Новости

Продукти

Мисија

Поголемo производство, нови иновативни производи кои гo исполнуваат саканиот вкус на клиентите и до подобар квалитет на исхраната.